Балкан
15. December 2018 - 13:28

Автобус од Белград се превртел кај Невесиње, двајца загинати

Во сообраќајна несреќа кај местото Вртич во близина на Невесиње две лица загинале а повеќе се повредени кога автобус  кој превезувал патници од Белград се превртел крај патот.
 
Според Полициската управа во Требиње  во автобусот кој од Белград  патувал кон Невесиње и Мостар имало околу 20 патници.
 
Сообраќајната несреќа се случила утрово околу 8 часот  на магистралниот пат меѓу Невесиња и Гацка во Босна и Херцеговина. Се претпоставува дека причина за несреќата била густата магла  и лошата видливост поради што автобусот излетал од патот и се превртел.