Свет
25. April 2016 - 18:30

Австрија повторно воведе контрола на границата

Австрија денеска повторно ја врати контролата на границата со Унгарија. Полицијата почна да врши проверки на транспортот на граничниот премин Никелсдорф.

Полицијата ги проверува сите возила кои се движеле по магистралата А4, која ја поврзува Будимпешта со Виена.

Движењето кон Австрија е само во една лента и сите камиони се проверуваат поради што за влез во земјата се чека околу еден час.

Австриската полиција соопшти дека денеска почнале проверки со цел да не се дозволи нелагално преминување на границата и криумчарење на мигранти во Австрија и други земји-членки на Европска унија.