Свет
16. February 2017 - 11:41

Австрија ќе го тужи „Ербас“ поради корупција

Австрија одлучи да го тужи европскиот производител на авиони „Ербас“ поради корупција при набавката на борбени авиони „Јурофајтерџ“. 

Австриското Министерство за одбрана ќе поднесе тужба, тврдејќи дека „Ербас“ лажно ја зголемил цената во договорот од 2003 година кога Виена планирала да набави 15 борбени авиони „Јурофајтерџ“. 

Министерството за одбрана формира работна група, која во 2012 детално го проверила договорот и тврдењата поврзани за корупција, како и дали е оштетена Австрија.

Врз основа на сега објавениот извештај Министерството за одбрана најави тужба и бара отштета од повеќе милиони евра.