Македонија
16. March 2016 - 17:01

Австрија бара повеќе пари од ЕУ за Македонија

Австрија планира да и додели техничка помош на Македонија со цел да и помогне да ги обезбеди своите граници со Грција, пренесува денеска германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне цајтунг“.
 
Министерот за одбрана на Австрија Ханс Петер Доскозил покрај помош за Македонија најавува асистенција за Бугарија. 
 
- Миннистерството за одбрана во моментов анализира дали можеме да помогнеме со техничка опрема како средства за ноќно набљудување, изјавил Доскозил за весникот „Ди Велт“. 
 
Според него, бегалската рута преку западниот Балкан мора да остане затворена, а Македонија треба да добие повеќе пари од ЕУ за своите напори да ја обезбеди границата и да спречи трансфер на бегалците кон Унијата.