Живот
21. November 2015 - 12:10

Австриец 45 години возел без возачка дозвола

Австриската полиција во рутинска сообраќајна контрола сопрела 63-годишен возач, за кој се утврдило дека 45 години возел без возачка дозвола.

И покрај тоа што тој 45 години возел без возачка дозвола немал ниту еден сообраќаен прекршок или судир, а исто така никогаш досега не бил сопрен од полицијата.

Полицијата му забрани на човекот да вози и против него поднесе пријава.