Австралија ја менува банкнотата од пет долари со ликот на покојната кралица Елизабета
Австралија ќе ја замени својата банкнота од пет австралиски долари на која е портрет на кралицата Елизабета Втора со нов дизајн што ќе ја одразува и почитува историјата на домородната култура на континентот, соопшти денеска Националната банка на земјата.
Одлуката уследи по консултациите со федералната влада, која ја поддржува промената, се вели во соопштението.
Додаваат дека од другата страна на банкнотата, како и досега, ќе има слика од парламентот.
Австралиските власти по смртта на Елизабета Втора соопштија дека ликот на кралот Чарлс Трети нема автоматски да го замени ликот на починатата британска кралица на банкнотата од пет долари и оти може да биде заменет со австралиски мотиви.
Банкнотата од пет австралиски долари е единствената банкнота во земјата што го носи ликот на кралицата.
На австралиските монети мора да стои ликот на британскиот монарх, а на новите монети ќе биде ликот на кралот Чарлс Трети.
Ново на Сител
-
Aболицијата ќе замине во историјата, претседателот ќе може само да амнестира осудени лица
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ
-
Законот за амнестија под будно око на САД
-
Опозицијата подготвува амандмани за да ја блокира амнестијата
-
Утре прва седница на Анкетната за Онкологија- Ќе бидат повикани сите поранешни министри и директори
-
Интерпелацијата на Јовески на првата следна седница
-
Законот за игри на среќа поднесен со европско знаменце
-
Целосна блокада на обвинителствата ако нема договор за 10 дена