Балкан
19. January 2016 - 11:45

Аврамопулос: Пунктовите за бегалци во Грција и Итaлија ќе бидат готови за четири недели

Пунктовите за бегалци во Грција и Италија ќе бидат готови најдоцна за четири недели, изјави еврокомесарот за миграции Димитрис Аврамопулос во интервју за „Зидојче цајтунг“.

Аврамопулос исто така предупреди дека во наредните месеци ќе има зголемување на приливот на бегалци.

Во врска со земјите-членки на ЕУ кои одбиваат да придонесат за заедничките напори на Унијата, и не сакаат да примат бегалци, тој рече дека некои влади велат „не“ на се, но тие не ги информираат граѓаните за последиците од нивното одбивање.

Тој, исто така, истакна дека Европската комисија за овие земји предложила каков било вид на поддршка, или економска, техничка инфраструктурна, додавајќи дека никој не може да ја обвини ЕУ дека не помага за да се најде решение.