Македонија
3. јуни 2016 - 10:15

Авионско прскање против комарци утре во Куманово

Општина Куманово ги информира граѓаните дека утре на подрачјето на општината ќе изврши авионско запрашување против комарци.

Авионската дезинскеција ќе се изврши во раните утрински часови. Доколку временските услови не се поволни, тогаш дезинсекција против комарци ќе се изврши во истиот термин, следниот ден, кога временските услови ќе бидат поволни, соопштуваат од општината.

Од општина Куманово потсетуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

- За тековната година од буџетот на општина Куманово за  авинска дезинскеција против комарци која  ќе се спроведе во три наврати и која прв пат годинава, освен прскање против комарци вклучува и ларвицидно третирање, одвоени се милион и триста илјади денари. Дезинскецијата ќе се спроведе согласно динамичниот план и временските услови, изјави Дарко Станојковски, раководител на одделение за јавни набавки од општина Куманово.