Свет
8. May 2019 - 12:08

Авионска несреќа во Мексико: Пилотот познат по врски со нарко картел

Пилотот, кој загина во падот на авионот во планина во Мескико, е познат по апењето поради врски со картелот на Ел Чапо и одбивањето да го префрли синот на Муамер Гадафи, Саад од Либија.

Воениот пилот Хуан Хозе Талавера (45), беше еден од 13-те лица, кои пред два дена настрадаа на мексиканската планина Окампо, на северот на таа држава.

Тој е познат по тоа што во јули 2006 година беше уапсен на аеродромот Тихуана , заедно со уште 10 лица поради сомневање дека работел за картелот на Хоакин Ел Чапо Гузман, при што превезувал оружје и луѓе без документи.

Исто така, се тврди дека тој го транспортирал кокаинот на истиот картел, но не е познато колку време поминал во затвор за ова.

Талавера во 2011 година одби да го пренесе синот на Гадафи, Саади од Либија во Мексико. Синот на Гадафи тогаш беше баран од Интерпол, а Талавер и другите двајца пилоти одбија да летаат од Косово на територијата на Либија.

Во понеделникот, приватен авион, кој го возел Талавер, се уран меѓу Лас Вегас, Невада и Монтереј, на север од Мексико, соопштија властите на мексиканската сојузна држава Коауила.
Во леталото имало десет патници и тројца членови на екипажот. Во несреќата нема преживеани.

Министерството за сообраќај на Мексико претходно соопшти дека млазен авион „Бомбардер Челинџер 601“ кој летал од Лас Вегас, САД кон Монтереј исчезна од радарите.

Авионот летал од Лас Вегас до Монтереј. Патниците се враќале од бокс меч во американскиот град.