Свет
8. December 2015 - 8:46

Авион на „Ер Франс“ принудно слетал поради дојава за бомба

Авион на француската компанија „Ер Франс“ АФ83, кој летал од Сан Франциско за Париз, принудно слетал на аеродромот „Пјер-Елиот-Трудо“ во Монтреал поради дојава за бомба.

Како што изјави портпаролот на аеродромот Франсоа Никола Аселин за весникот „Л журнал де Монтреал“, во авионот се наоѓале 231 патник и 15 членови на екипажот.

Аеродромот е во контакт со „Ер Франс“, а истрагата е во тек.