Македонија
26. February 2016 - 11:02

Аудиција за членување во детски хор на Македонската опера и балет

Македонската опера и балет ќе формира детски хор „Фалсето“ во кој ќе може да членуваат деца на возраст од девет до 14 години.

МОБ соопшти дека членството во хорот е бесплатно и ги покани заинтересираните да дојдат на аудиција на 5 март во 18 часот во салата Империјал - преку службениот влез на МОБ. 

Пријавувањето за аудиција е до 12 часот на 4 март 2016, на електронската адреса: falsetto@mob.com.mk

- Овозможете му на вашето дете да научи правилно да пее, да другарува и да се смее. Да ја почувствува сцената и да ја освои публиката, преку песна и забава да влезе во светот на музиката и уметноста, пишува во повикот на МОБ до заинтересираните родители.