Тенис
7. November 2016 - 13:24

АТП: Мареј и официјално најдобар во светот

Британецот Енди Мари официјално е новиот број 1 во светскиот тенис, објави АТП. На најновата листа на тениските професионалци Роџер Федерер испадна од Топ 10, тој се наоѓа на 16-та позиција.
 
Енди Мари го освои мастерсот во Париз, а благодарение на елиминацијата на Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето, тој првпат во кариерата се искачи на првото место на АТП листата.
 
Британецот е 26-от број 1 во Опен ерата, а воедно е и вториот највозрасен играч (Мари има 29 години) по Џон Њукомб кој се искачил на првата позиција на АТП листата.
 
Мари е прв пред Новак Ѓоковиќ кој на првата позиција се наоѓаше без прекин од 7. јули 2014 година (122 недели).
 
Зад водечкиот тандем се наоѓаат Стан Вавринка, Милош Раониќ и Кеи Нишикори; Во првите десет уште се и Гаел Монфилс и Марин Чилиќ кои ги бележат најдобрите пласмани во кариерата, односно Рафаел Надал, Доминик Тим и Томаш Бердих.
 
Осовјувачот на 17 грен слем титули, најмногу во тениската историја, Роџер Федерер, испадна од Топ 10 и се наоѓа на 16-то место на АТП листата.