Фудбал
16. September 2016 - 9:54

Атлетико и Симеоне постигнаа нов договор

Атлетико Мадрид се согласил да го намали времетраењето на договорот на тренерот Диего Симеоне за две години, тврдат весниците AS и  Marca, кои традиционално се блиски до Реал. Симеоне и Атлетико Мадрид имаа договор до јуни 2020 година, а според весниците, тој сега има важност до јуни 2018 година.
 
Атлетико се согласи да му го скуси договорот на Симеоне за две години, но во исто време на својот тренер му ја зголеми платата.
 
Аргентинскиот стратег на чело на Атлетико застана во 2011 година и успеа да го лансира клубот меѓу најдобрите во Европа. Во 2014 година со Атлетико ја освои титулата во Шпанија, а истата година и во 2016-та играше и финале во Лигата на шампионите.
 
Покрај титулата во Шпанија, Симеоне со Атлетико има освоено и по еден трофеј во домашниот Куп, Суперкупот на УЕФА и Лига Европа.