Loading Video...
Фудбал
19. February 2020 - 0:55

Атлетико и Борусија Дортмунд со минимална предност по првите осминафинални дуели

Екипите на Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд ја искористија предноста на домашниот терен и ги победија Ливерпул и ПСЖ во првите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите
 
На „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, каде актуелниот европски првак Ливерпул лани ја освои титулата, домашните фудбалери на Атлетико се радуваа на минимален триумф од 1-0. Единствениот гол на мечот го постигна Саул Нигез уште во четвртата минута. 
 
Во Дортмунд фудбалерите на Борусија се радуваа на победа од 2-1 во дуелот против францускиот првак ПСЖ
 
Најзаслужен за овој триумф на „Милионерите“ беше Халанд кој ги постигна двата гола, првиот во 69-тата, а вториот во 77-минута, само една минута откако Нејмар беше стрелец на голот за „Светците“. 
 
Норвежанецот со тоа стигна до бројката од 10 голови сезонава во Лигата на шампионите во која во групната фаза постигна осум за Салцбург.
 
Реванш дуелите во Ливерпул и Париз ќе се играат на 10 март, додека вечерва (21 часот) своите први дуели од осминафиналната рунда ќе ги одиграат Аталанта – Валенсија и Тотенхем – Лајпциг. 
 
Следниот седмица на програмат се првите дуели од останатите четири осминафинални париви, во кои ќе играат: Челзи – Баерн Минхен и  Наполи – Барселона во вторник, односно, Реал Мадрид - Манчестер Сити и Лион – Јувентус во среда.