Спорт плус
1. April 2017 - 17:44

Атлетика (Ж): Нов светски рекорд во полумаратон

Кениската атлетичарка Џојсилин Џепкоскеи(Joyciline Jepkosgei) постави нов светски рекорд на трката во Прага, каде што во сабота стана првата натпреварувачка во историјата која полумаратонот(21,097 км.) го истрча побрзо од 65 минути (1:04:52).
 
Рекордот на 23 годишната Кенијка е за 14 секунди подобар од претходниот рекорд, што го држеше нејзината сонародничка Перес Јепчирчир.
 
Меѓународната атлетска федерација објави дека на патот кон рекордот, Џепкоскеи ги поставила најдобрите резултати на сите времиња и на уште три делници, на 10 километри, на 15 километри и на 20 километри.
 
Во конкуренција на атлетичари, победата на полумаратонот ја однесе Тамират Тола од Етиопија, кој делницата ја претрча за 59:37 минути.