Loading Video...
Кошарка
21. јуни 2021 - 14:51

Атланта се избори за финале против Милвоки на истокот, Феникс поведе со 1:0 во западното финале со ЛА Клиперс

Тимот на Атланта се избори за место финалето во Источната конференција на НБА плејофот.
 
Ова откако „Хоукси“ на гости кај Филаделфија славе триумф со 103-96 во мајсторката со што ја добија полуфиналната серија со 4:3 во победи , 
 
Финалната пресметка со Милвоки тимот на тимот на Атланта ќе ја започне со две гостувања на 24-ти и 26-јуни, по што серијата подобар до четири победи се сели во Атланта. 
 
А, во финалето на Западната конференција екипата на Феникс Санс поведе со 1:0 во победи во дуелот против ЛА Клиперс. 
 
Дебин Букер со трипл-дабл учинок со 40 поени, 13 скокови и 11 асистенции, беше најзаслужен за победата на „Сонцата“  со 120-114. 
 
И следниот натпревар што на програмата е во среда наутро ќе се игра во Аризона.