Loading Video...
Свет
19. April 2021 - 16:31

Атина го укина седумдневниот карантин за одредени земји

Атина го укина задолжителниот седумдневен карантин за граѓаните на земјите на ЕУ и уште пет други земји САД, Србија, Велика Британија, Израел и Арапските Емирати при влегување во Грција.  

Лицата на граничните премини ќе мораат да покажат негативен ПЦР тест стар не повеќе од 72 часа или вакцинален сертификат со кој се потврдува комплетна вакцинација 14 дена пред влегување во земјата.

За македонските граѓани грчките граници остануваат затворени .