Балкан
21. December 2016 - 12:39

Атентаторот на Карлов осум пати го обезбедувал турскиот претседател

Атентаторот кој го уби Андреј Карлов, рускиот амбасадор во Анкара - Мевљут Мерт Алтинташ, осум пати обезбедувал настани на кои присуствувал турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, и тоа во периодот по обидот за воен удар на 15 јули, пишува весникот „Милет".

Алтинташ не бил телохранител на Ердоган, туку учествувал во полициските единици одговорни за јавната безбедност.

Според турските истражители, убиецот на рускиот амбасадор бил член на организацијата на Фетулах Ѓулен, која туските власти ја сметаат за терористичка, и ја обвинуваат дека стои зад превратот.

Алтинташ бил отпуштен веднаш откако е установено дека е следбеник на проповедникот Фетулах Ѓулен.