Фудбал
22. July 2020 - 8:53

Аталанта руши рекорди во Серија А

Најпријатното изненадување оваа сезона во Италијанскиот фудбалски шампионат, тимот на Аталанта ја победи Болоња со 1:0 и се запиша во клупската историја.

На дуелот одигран вчеравечер во Бергамо во рамките на 35. коло, Аталанта ги освои трите бода и стигна до 74, што е нов рекорд во историјата на клубот. Аталанта се најде на второто место на табелата во очекување на средбите на конкурентите за врвот.

Воедно, екипата стигна до 95 постигнати голови повторувајќи го рекордот на Фиорентина од сезоната 1958/59 година.

На фудбалерите предводени од Џанпјеро Гасперини им остануваат уште три кола до крајот на сезоната, па можат уште повеќе да ги подобрат сопствените рекорди.