Астрономи сметаат дека Сончевиот Систем сепак има девет планети
Меѓународна група астрономи вели дека има цврсти индикации за постоење на деветта планета во Сончевиот Систем, објави порталот „Саенс Алерт“.
Објектот првично наречен „2015 БП-519“ се наоѓа зад Нептун, т.е. вон неговата орбита и е на растојание 55 астрономски единици. Една астрономска единица го означува просечното растојание меѓу Земјата и Сонцето. Телото е откриено со помош на телескопот „Викторија Бранко" во Чиле во рамки на проектот „Дарк енерџи сурвеј".
Набљудувањата на „2015 БП-519“, траеле околу три години, и овозможиле да се спознаат одликите на орбитата на новооткриеното вселенско тело. Максималната негова оддалеченост од Сонцето е 450 астрономски единици, а минималната - 36. Ексцентрицитетот на орбитата е 0,92, а наклонот - 54 степени.
- Тоа сепак, се уште не е доказ за постоењето на деветтата планета, Но, би рекол дека ова тело ги засилува аргументите за тоа, смета проф. Дејвид Гердис од Универзитетот на Мичиген.
Пред неколку години, научниците одлучија дека Плутон не е планета, туку џуџеста планета. Така сега, официјално, Сончевиот Систем има осум планети. Според сознанијата, доколку телото е образувано во Сончевиот Систем, неговата орбита е несвојствена во однос на големите планети.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово