АстраЗенека: Нашата вакцина е ефикасна 76 отсто
Компанијата „АстраЗенека“ соопшти дека нејзината вакцина против Ковид-19 е 76 отсто ефикасна во спречување на симптоматските форми на болеста, покажува најновата анализа на главното истражување во САД, нешто пониска од нивото објавено претходно оваа недела во извештајот критикуван за употреба на застарени информации.
Американските здравствени власти јавно му забележаа на производителот на лекови што не ги користел најновите информации кога во понеделникот објави привремена анализа во која се наведува дека вакцината е ефикасна 79 проценти.– Примарната анализа е во согласност со нашата претходно објавена привремена анализа и потврдува дека нашата вакцина против Ковид-19 е високо ефикасна кај возрасните, вклучително и кај оние над 65 години, рече Мене Пангалоса, извршен потпретседател на „АстраЗенека“.
Тој најави дека компанијата ќе достави регулаторна апликација за одобрување за „итна употреба во САД и ќе се подготви за испорака на милиони дози низ Америка“.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок