АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци
Граѓаните наплатиле 443 милиони денари или над 7,2 милиони евра од осигурување живот во првите пет месеци од годинава, покажуваат официјалните податоци кои шесте компании за осигурување живот ги доставуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Во овој период над 2.500 граѓани добиле надомест за штетите кои биле покриени со полиси за осигурување живот издадени од пет компании за осигурување живот.
- Најмногу средства во овој период се исплатени по полиси за осигурување живот со штедна компонента. Ова е најстариот производ на животно осигурување кој на нашиот осигурителен пазар се продава 20 години. Негова главна карактеристика е тоа што покрај осигурувањето живот нуди и штедење на вложените средства. Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства зголемени со камата за дадениот период, појаснуваат од АСО.
Во првите пет месеци од годинава, прецизираат, од ова осигурување граѓаните од компаниите за осигурување наплатиле 366 милиони денари, односно 5,95 милиони евра.
- Во најголема мерка, во првите пет месеци, парите се исплатени на осигуреници на кои им завршил договорот за осигурување и ги добиле нивните вложени средства зголемени за каматата, посочуваат од АСО.
На второ место според висината на исплатените средства во првите пет месеци, е осигурувањето со инвестициски компонента кое е популарно познато под називот „јунит линкд“ осигурување.
- Овој осигурителен продукт на граѓаните заедно со осигурување живот им овозможува и вложување на поголем дел од уплатените средства во удели на инвестициски фондови. Заради тоа што цените на уделите на инвестициските фондови зависат од светските берзи тие се подложни на промени. Токму таа карактеристика создава можност за пристојни, па дури и солидни приноси од вложувањата, но носи и ризик кога паѓаат цените на берзите. Важно е да се знае дека со вложувањето во овој осигурителен продукт ризикот од вложувањето го носи осигуреникот, велат од АСО.
Со цел подобра информираност и поголема заштита на осигурениците, додаваат, донесен е правилник со кој е дефиниран квантум на информации што мора да ги добијат осигурениците од продавачите на осигурување пред да одлучат да купат „јунит линкд“. Во првите пет месеци кај ова осигурување компаниите на осигуреници им исплатиле 39,35 милиони денари или 640.000 евра.
-Најмало учество во исплатените средства во овој период има осигурувањето без штедна компонента кои е популарно познато како ризико осигурување. Кај овој продукт осигуреникот го осигурува својот живот и доколку настане смрт во осигурениот период компанијата исплаќа осигурена сума на членови на негово семејство или на носители на правото на обесштетување кои ги навел осигуреникот во својата полиса. Поради смрт на осигуреници во овој период компаниите за осигурување живот исплатиле 37,7 милиони денари или 613.000 евра на нивни семејства или лица кои биле носители на правото на осигурување, истакнуваат од АСО.
Ново на Сител
-
Нова американска воена помош од половина милијарда долари за Украина
-
Макрон денеска ќе го соопшти името на мандатарот за состав на влада
-
Јермак: Киев не е подготвен за преговори со Русија
-
Утрото со минусни температури, преку ден сончево со мала до умерена облачност
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар