Арсовски: Никој не знае дали и колку вакцини се стигнати во државава и кој се ги добил
Од претходното видео можевме да видите дека дознаваме и гледаме од српската премиерка Брнабиќ дека најверојатно и сме добиле некоја бројка на одредени вакцини за вацинација, но заради немањето план, протокол, регистрација и увозот на вакцини, па така Зоран Заев и Венко Филипче поделиле и вакцинирале илегално во Република Македонија одредени луѓе.
Заев и Филипе треба да им објаснат на граѓаните што значи тоа илегално носење на вакцини, веднаш да излезе комисијата за заразни болести да каже дали и колку се безбедни овие вакцини и најважното, Јавното обвинителство треба да истражи дали некој од ова профитира?
Никој во Република Македонија не знае дали и колку вакцини се стигнати во државава и кој се ги добил и колку платиле луѓето за вакцинирање преку ред и со врски тие што ги добиле?
Факт е дека вакцини за населението нема и не се знае кога ќе има. Но, уште поголем факт е што Владата и министерството за здравство не се подготвени за вакцинација на граѓаните дури и уште денес да пристигнат вакцините.
Иако Венко Филипче дрско ја лажеше целата држава дека сме оценети како една од најспремните држави за складирање, примање и увоз на вакцини, на крајот испадна дека немаме ниту фрижидери за да ги чуваме вакцините доколку ги добиеме.
Неспособноста на Владата е дотолку голема да ние не знаеме кој по кој редослед ќе се вакцинира, а сеуште немаме ни регистрирано ни вакцина. Жалосно е што дознаваме од премиери на странски држави дека Зоран Заев и Венко Филипче вакцинирале илегално во Република Македонија, односно вакцинирале дали преку врски или за пари.
Ова е скандал од невидени размери и поигрување со здравјето на сите болни, хронични, пензионери и ризични категории на граѓани. Нечовечноста на СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев излезе на површина.
Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари