Македонија
25. October 2021 - 16:37

Арсовска ветува дека нема да има шетање по шалтери, Шилегов нуди решенија за сообраќајниот метеж

Граѓаните ќе можат административните обврски да ги завршат по електронски пат, а оние кои не користат дигитални решенија ќе можат да се обратат до отворена канцеларија која ќе работи 24 часа, ветува независната кандидатка за град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска. Таа најави и целосна реновирање на градската библиотека „Браќа Миладиновци“, отворање на нова во Аеродром и модерни читални во сите 10 општини.

Нејзинот противкандидат Шилегов, ги сумураше сите проектите кои најави дека ќе ги реализира во следните 4 години. Па така, за три години, Скопје ќе добие бас рапид тразнит, со кој од населбата Лисиче до Ѓорче Петров ќе се стига за 35 минути. Субвенционирање на 30 000 велосипеди и селење на тешката индустрија надвор од градов исто така најави Шилегов.

Кандидатите за градоначалници имаат уште 4 дена да ги претстават своите проекти пред граѓаните. Вториот круг од локалните избори ќе се оддржи во недела.