Арсовска Томовска се сретна со Клаудија Немат, член на Одборот за Европа и технологија на Дојче Телеком

Идните перспективи за дигитализација на Република Македонија, е-Влада, е-здравство, е-администрација и т.н „паметни градови“, беа тема на разговор на македонската министерка за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска на вчерашната работна средба во Бон со Клаудија Немат, член на одборот за Европа и технологија на Дојче Телеком, соопшти денеска Министерството за информатичко општетсво и администрација (МИОА).
Министерката Арсовска Томовска истакнала дека Македонија е добра дестинација за пилотирање проекти на национално ниво, со оглед на тоа што се работи за мала, но компактна земја која располага со значајни технички и човечки капацитети.
Како најголем странски инвеститор во Република Македонија, Дојче Телеком е партнер во имплементацијата на стратегијата на Владата на Република Македонија за дигитализација.
Во рамки на посетата на седиштето на Дојче телеком Арсовска Томовска ја посетила лабораторијата за дигитална иднина.
Ново на Сител
-

УЈП прави напори парите од МојДДВ да се исплатат до крајот на неделава
-

Родителите трошат годишно во просек од 160 000-200 000 денари за да одгледаат дете
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Мицкоски: Силна поддршка за Сејф Сити
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе има безбеден сообраќај
-

Николоски: Интензивно работиме на изградба на патиштата
-

Муцунски на средба со Калас во Брисел
