Арсовска: Ќе поднесам тужба за клевета до Дарко Каевски од СДСМ кој изнесе невистини
Згрозена сум од конструкциите што ги пласира СДСМ. Не само што информациите изнесени на прес конференцијата не се точни, туку безобразна политичка конструкција. Поради тоа ќе поднесам тужба за
клевета до Дарко Каевски од СДСМ кој ги изнесе овие невистини. Јас не сум политичар, зад мене не стои политичка партија да ме брани, затоа ќе се бранам по институционален пат.
Доколку би имала каква било дамка лично и професионално немаше да се впуштам во во битката за градоначалник спроти политичари кои освен црна кампања не можат да сработат ништо друго и очекувам дека ќе напаѓаат.
Јас ниту имам фирма на мое име, ниту имам долг по основ на неплатена сметка за електрична енергија. Веќе 7 години со својот ангажман сум претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и со години не сум активна во ниту една фирма.
Повеќе од очигледен е стравот на СДСМ и Петре Шилегов дека нивното време во град Скопје завршува и дека сите злоупотреби на градот ќе бидат отворени и предмет на ревизија.
Данела Арсовска, независен кандидат за градоначланик на Град Скопје
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та