Loading Video...
Фудбал
12. September 2020 - 15:43

Арсенал со убедлива победа над Фулам за започна новата сезона во Премиер лигата

Екипата на Арсенал со убедлива победа над Фулам за започна новата сезона во Премиер лигата. 
 
Популарните „топчии“ забележаа победа со 3-0 на гостувањето кај Фулам во премиерниот меч во кој головите за Арсенал ги постигнаа, Лаказет (8.минута), Габриел (49) и Обемејанг (57). 
 
Денеска на програмата се уште две средби и тоа, бранителот на шампионскиот трофеј Ливерпул во првиот меч денеска на „Енфилд“ го пречекува Лидс Јунајтед, а во вечерниот термин (21 часот) Вест Хем ќе игра против Њу Касл.