Loading Video...
Фудбал
28. February 2021 - 16:12

Арсенал со пресврт го победи Лестер

 
Фудбалерите на Арсенал со пресврт забележаа победа на гостувањето кај  Лестер со 1-3 
 
Со дуелот од 26 коло на Премиер лигата, иако домаќините поведоа први со погодокот на Тилеманс уште во 6.минута, во продолжението гостите од Лондон постигнаа три гола. 
 
Давид Луиз во 39-тата израмни на 1:1, а во дополнението на првиот дел Лаказет му донесе предност на Арсенал од 1:2. 
 
Третиот гол за „топџиите“ го постигна Пепе во 52-минута. 
 
И покрај поразот Лестер останува на високата трета позиција на табелата со идентични 49 бодови како и Манчестер Јунајтед, додека Арсенал е дури десетти со 37 освоени бодови.