Фудбал
29. July 2016 - 11:02

Арсенал го совлада „Ол-стар’’ тимот од американската лига

 
 На пријателски натпревар одигран ноќеска во Сан Хозе, Калифорнија, англискиот премиер лигаш Арсенал забележа победа со 2:1 во дуелот проти „Ол-стар“ тимот составен од играчи кои настапуваат во фудбалската лига на САД. 
 
„Топџиите“ поведоа со голот на Џо Кембел во 11-минута од пенал. 
 
Во втората минута од судиското надополнување на првиот дел, легендарниот фудбалер на Брегот на Слоновата коска, Дидиер Дрогба потсети на старите денови и го израмни резултатот. 
 
Во вториот дел гледачите на стадионот во Сан Хозе гледаа динамичен фудбал со голем број на шанси, за конечно во 89-тата минута видат и гол и тоа во мрежата на домашниот тим.
 
20-годишниот Чуба Акпом со својот „првенец’’ во сениорската екипа, на Арсенал му донесе победа на лондонскиот тим од 2:1.