-->
-->
Арсенал бара од Реал Мадрид да му го позајми Иско
-->
Англискиот прволигаш Арсенал сака да го донесе во своите редови шпанскиот играч за врска Иско, кој сезонава најголем дел од натпреварите на Реал Мадрид ги преседе на клупата за резервни фудбалери.
Веста вечерва ја објавија англиските медиуми, наведувајќи дека Арсенал сака да го донесе Иско како позајмен играч до крајот на тековната сезона.
Иско сезонава собра само девет настапи за „кралскиот клуб“ и само три пати се најде во почетниот состав.
Шпанските медиуми претходно овој месец јавија дека Иско има комплициран однос со тренерот Зинедин Зидан и сака да го напушти мадридскиот клуб.
Интерес за Иско покажува и шпанскиот прволигаш Севиља.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија