Фудбал
19. July 2017 - 10:17

Арнаутовиќ продолжува во Вест Хем

Вест Хем Јунајтед постигнал договор со Стоук во врска со трансферот на напаѓачот Марко Арнаутовиќ. Австрискиот напаѓач е второто големо засилување за Вест Хем во последните 24 часа, откако претходно клубот го договори и трансферот на голманот Џо Харт.
 
Марко Арнаутовиќ, репрезентативец на Австрија, по четири години ќе го напушти Стоук и за сума од 24 милиони фунти (27 милиони евра), ќе се пресели кај Славен Билиќ во Вест Хем.
 
Арнаутовиќ е трето засилување за лондонскиот тим во овој преоден рок, откако претходно клубот потпиша договори со Пабло Забалета и голманот Џо Харт.
 
Напаѓачот минатата сезона за Стоук одигра 35 натпревари на кои имаше учинок од седум голови и осум асистенции.