Македонија
5. February 2021 - 8:41

Армијата ќе промовира 65 подофицери од вкупно 120 планирани за годинава

Во касарната „Илинден“ денеска ќе биде промовирана првата група подофицери од професионалните војници. Првата група ја сочинуваат 65 лица од вкупно 120-те професионални војници.

Курсот за подофицери се организира по 11 години. Обуката за нив почна на 28 ноември 2020 година, а заврши на 4 февруари, додека втората група од 55 лица ќе ја започне обуката на 22 февруари.

Обуката се реализира во Центарот за обука „Пепелиште“ од страна на искусни инструктори од Командата за обука и доктрини, Баталјонот за специјални сили и Извидувачко – разузнавачкиот баталјон. Курсот за подофицери се состои од повеќе теми и тоа – подофицерски одговорности, воени вештини, лидерство и етика, општи воени знаења и практични форми на обука и ситуациони вежби.

На промоцијата најавено е обраќање на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а од Министерството за одбрана истакнуваат дека настанот ќе се одржи согласно мерките за заштита од Ковид -19.