Арагчи: Вооружените сили на Иран се подготвени за одбрана, Техеран отворен за дипломатија

Вооружените сили на Иран се целосно подготвени „решително да одговорат на секоја закана“, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, додавајќи дека Техеран останува подготвен за дипломатија доколку САД го променат својот пристап.
„Иран не започнал наметната војна и Техеран е подготвен да го продолжи дипломатскиот процес доколку САД се откажат од своите прекумерни барања, заканувачка реторика и провокативни дејствија. Иранските вооружени сили остануваат целосно будни и подготвени за сеопфатна и решителна одбрана на земјата од каква било закана или злонамерен чин“, предупреди тој.
Во одделни телефонски разговори со министрите за надворешни работи на Турција, Катар, Саудиска Арабија, Египет, Ирак и Азербејџан, Арагчи ги презентираше ставовите на Иран за актуелните регионални случувања и ги обвини САД и Израел за она што го нарече „агресија“ што ја загрозува стабилноста на Персискиот Залив.
Тој оцени дека главните извори на несигурност во регионот се поврзани со воените активности на САД и Израел, вклучително и тензиите околу стратешки важниот Ормуската Теснина.
Иранскиот министер изјави дека Техеран, и покрај „длабоката недоверба“ кон Вашингтон, е подготвен да учествува во преговори со посредство на трети страни, со цел да се стави крај на конфликтот и да се смири ситуацијата во регионот.
Функционери од неколку земји во регионот, со кои разговараше Арагчи, изразија поддршка за дипломатските напори и подготвеност да придонесат за смирување на тензиите.
МИА
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
