Апсење во повеќе угостителски објекти - Приведени Пандов, Миленко Неделковски, поранешниот судија Панчевски
Полицијата речиси секоја вечер со полни раце работа, се растураат организирани и прватни забави на кои воопшто не се почитуваат мерките за заштита и ограниченото работно време на угостителите.
Само изминатата ноќ се приведени 18 лица во кафеана во скопско Стајковци поради непочитување на мерките за заштита и работното време.
Во еден часот по полноќ пак полицијата во Струмица растури приватна домашна забава на која присуствувале 12 лица. Слична акција е спроведена и во Тетово.
Помеѓу приведените во скопско Стајковци биле и претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов, новинарот Миленко Неделковски и поранешниот судија Владимир Панчевски.
Во изјава за Сител, Пандов вели дека по влегувањето на полицијата во угостителскиот објект, забележале дека е 21:30 часот.
Против сите приведени МВР најавува и поднесување на соодветни пријави за непочитување на пропишаните мерки за заштита од ширењето на корона вирусот.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар