Македонија
25. December 2017 - 10:05

Апсење на граничниот премин „Деве Баир“

При пасошка контрола на граничниот премин „Деве Баир“  на излез од Македонија, вчера во 8 часот кај А.К.(27) од Албанија констатирано е дека страниците бр. 9 и 10 се од обична хартија, со лист налепен во патната исправа на прецизен и професионален начин.

Поради сомнение дека се работи за кривично дело „фалсификување исправа“ тој е лишен од слобода.