Живот
13. March 2017 - 9:31

Апокалипсата доаѓа, не делат 2 ипол минути од катастрофа - покажа овој чуден часовник

Часовниот „Судниот ден“ симболично го проценува крајот на светот. Сказалките на часовникот се поместија, па до Апокалипсата не делат смо два ипол минути. Ситуацијата е алармантна поради тероризмот, климатските промени и нуклеарната модернизација.

Овој часовник во 1947 година го осмислија група научници кои се занимавале со атомска енергија. таа година сказалките се поставени на седум минути ди 12. Научниците објаснија дека тоа е направено поради фрлените бомби на Хирошима и Нагасаки и катастрофите што ги предизвикаат.

Подоцна сказалките се поместувани,а  на тоа влијаеле политичките, еколошките, воените, економските, државните прилики во светот. Некогаш се враќани наназад, а некогаш нанапред.

Часовникот кој симболично го претставува крајот на светот, повторно се помести по изјавите на новиот американски претседател Доналд Трамп за климатските промени, зголемување на американското нуклеарно оружје и преиспитување на безбедносните агенции.

На конференцијата за новинари на Здружените на научните Булетин, објаснето е поради што сега сказалките се поместени нанапред.

Најдобро време часовникот покажувал во 1991 година, кога било 11 часот и 43 минути. Да потсетиме дека тогаш е потпишан руско-американскиот договор за стратешкото намалување на оружјето.

Во магазинот Булетин во 1947 година на насловната страна е објавен графикот за часовникот Думсдеј.

Научниците тогаш почувствува потреба да ја известат јавноста за тоа што се случува.