Loading Video...
Фудбал
21. August 2019 - 15:12

АПОЕЛ и Ајакс одиграа без голови, минимални победи на Бриж и Славија Прага

Во фудбалската Лига на шампиони вчеравечер и вечерва на програмата се првите средби од последното квалификациско коло за влез во групната фаза  
 
Екипите на Славија Прага и Бриж забележаа минимални победи на гостувањата кај Клуж и ЛАСК Линц. 
 
Белгиски Клуб Бриж славеше победа со 1:0 кај австриски ЛАСК и тоа со голот од пенал кој го постигна  Ханс Ванакен уште во 10-тата минута.
 
Сепак, на овој гол му претходеше офсајд кој судиите не го забележаа, а ВАР-технологијата беше искористена само за да се потврди најстрогата казна за гостите. 
 
Единствениот гол на натпреварот во Романија каде Славија Прага го совлада Клуж го постигна Лукаш Мосопушт во 28-та минута.
 
Дербито на вечерта во Никозија меѓу АПОЕЛ и Ајак кој минатата година беше најпријатното изненадување во ЛШ со пласманот во полуфиналето, иако донесе големи возбудувања и бројни шанси на двете страни, сепак резултатот остана оној од почетокот 0:0. 
Реванш натпреварите овие екипи ќе ги играат во среда 28 август. 
 
Вечерва од 21 часот ќе се играат преостанатите трио средби: 
ДИНАМО ЗАГРЕБ (Хрватска) -   РОЗЕНБОРГ (Норвешка)
ОЛИМПИЈАКОС (Грција) -   КРАСНОДАР (Русија)
ЈАНГ БОЈС (Швајцарија) -  ЦРВЕНА ЗВЕЗДА (Србија)