Македонија
16. January 2019 - 16:21

Апелација одлучува по жалбата на Мунир Пепиќ по барањето за амнестија

Кривичниот суд ги комплетира предметите на обвинети за 27 април кои се жалеа пред Апелација откако не беа амнестирани..

Од таму велат дека се пристигнати одлуки за четворица обвинети а се очекува да ги добијат и останатите.. Заради ова вчера се одложи и судскиот процес за собраниските настани..

Во Апелациониот суд и денеска имаше седница по жалба на одлука според законот за аменстија.. Ослободување од кривична одговорност бараше Мунир Пепиќ.. Според неговата одбрана, Тој на 27 април во собранието бил на службена должност..

Претходно Апелациониот суд одби жалби на петмина обвинети.. Не дозволи слобода за Александар Василевски, Никола Митревски, Младен Додевски, Оливер Поповски, Горанче Ангеловски.. Сите се жалеа на одлуката на кривичниот суд со која не дозволи амнестија за Нив..

Судењето за 27 април ќе продолжи во понеделник со завршни зборови на одбраната.. На вчерашното рочиште, судијката Кацарска и обвинителката Русковска најавиа дека по примената на законот за аменстија, ќе има измена во обвинението.. Од вкупно 33-ца, сега им се суди на 18-мина.. Останатите добија амнестија..