Македонија
25. September 2020 - 10:38

Апел за помош за Киро Бадаровски од Скопје

Јас, Кире Бадаровски(1962), социјален случај, имам голема потреба од помош од добронамерни луѓе и фирми, бидејќи судбината се поигра во голема мера и денес сум работно неспособен, со грст здравствени и егзистенцијални проблеми.

На 27 мај 2010 година претрпев тешка сообраќајна несреќа при што ми беше скршена десната клучна коска, главата, а претходно имав претрпено срчани и мозочни удари. При ваква влошена здравствена состојба, станав работно неспособен, а со тоа и тежок социјален случај, иако имам завршено три факултети!

На моите маки им нема крај, од 2009 година почнаа проблеми во семејната куќа во Скопје-општина Бутел (Ул.Крале Марко бр.66/А), каде почна да ми навлегува водата и тоа трае при секој пороен дожд, за што бев приморан да ја напуштам и да излезам под кирија. Татко ми е во стари години и од неговата пензија не можеме да обезбедиме нормална егзистенција, неговата е доволна само за кирија. Се снаоѓам некако продавајќи Библии. Веќе имам направено две операции наеднаш на 02.07.2017 а имам потреба од трета операција која не можам да ја направам поради немање пари за партиципација.

Затоа имам потреба за помош од хумани луѓе и фирми кои би ми ја олесниле живеачката. Би прифатил и работа која не бара физички напор.

Исто така барам фирми и добронaмерни луѓе кои би донирале за изградба на саниториум ресторан и болница. Имам завршено 3 факултети: Новинарство, Право и Социологија.

Контакт телефон: 071 953 183

Паричната помош може да се испрати на следната трансакциска сметка

Трансакциска сметка: 21050-15778427.89

НЛБ - Тутунска Банка

IBAN: MK07210501577842789