Македонија
3. October 2021 - 20:19

Апасиев очекува Левица да освои над шеесет советнички места на локалните избори

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев вечерва во Кавадарци рече дека очекуваат преку шеесет советнички места,  во новите локални самоуправи, по локалните избори. Во Кавадарци очекувале две до три советнички места. Токму толку,  колку да им ја расипеле математиката на двете големи партии. Тој потсети дека имаат 45 листи со кандидати за советници.

Апасиев рече дека нив ги поддржуваат претежно млади луѓе. Тоа, според него, е нивната компаративна предност, во споредба со другите партии.

Според него, кампањата не е фер, бидејќи, како што нагласи, 90 проценти од колачот го земаат само четири партии. Сепак оцени дека таа оди одлично.

-На социјални медиуми доминира кампањата на Левица, рече тој, нагласувајќи дека имаат многу поголема гледаност од другите.

Тој во Кавадарци беше на координација со членството и симпатизерите. Во изјава за медиумите, рече дека трпат притисоци.

Круме Богевски, носителот на  листа со кандидати за советници, рече дека меѓу другото, ќе се залагаат за департизација на администрацијата, борба против урбана мафија, откупен пункт за грозје, подобри услови за лицата со инвалидитет. Нагласи дека поддржуваат стационар за животни, но се против зоолошка градина. 

 

Димитар Апсаиев, претседател на Левица

Центар за комуникации на Левица