Македонија
26. October 2021 - 11:55

Апасиев: Гласачите не се вреќа компири, па да ви ги "дадеме"

Лидерот и пратеник на Левица Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека гласачите не се вреќа компири, па да ги "дадеме" алудирајќи на коалиција или поддршка во пресрет на вториот круг од локалните избори.

Инаку Левица во 38 општини преку советничките листи освои 49.558 гласа односно 51 советничко место.