Македонија
15. December 2020 - 13:16

Апасиев: До каде (ќе) оди забеганоста на СДС? 70.000 Косовари на вештачки начин може да станат државјани на Македонија

Димитар Апасиев, лидер на „Левица“ и пратеник, напиша на Фејсбук дека со изгласаните измени на Законот за државјанство, како што вели тој, околу 70.000 граѓани од Косово ќе може да добијат македонски пасоши, а според него, тоа го прави владеачката партија СДСМ за да може да обезбедува кворум во Собранието со помош на пратениците на Алијанса на Албанците и Алтернатива.

„До каде (ќе) оди забеганоста на СДС?

Вчера, само за да си обезбеди кворум за изгласување на дневен ред, владејачкото мнозинство го усвои шовинистичкиот предлог на Алијанса и Алтернава за контроверзни измени на ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО - по скратена постапка, со кој, на вештачки начин, се овозможува нови 70.000 Косовари да станат државјани на Македонија!“, напиша Апасиев.

До каде (ќе) оди забеганоста на СДС? Вчера, само за да си обезбеди кворум за изгласување на дневен ред, владејачкото...

Posted by Димитар Апасиев on Tuesday, December 15, 2020