Тенис
28. January 2017 - 17:24

АО: Серена Вилијамс ја освои 23.та Грен слем титула

Американката Серена Вилијамс триумфираше на женскиот турнир на Австралија Опен во Мелбурн и со тоа ја освои седмата титула на овој Грен слем турнир. Таа во финалето ја победи својата сестра Венус Вилијамс со 2-0 во сетови (6:4 и 6:4 во гемови) за еден час и 22 минути игра. Ова беше второ финале на сестрите Вилијамс на овој турнир, првпат играа во 2003 година.
Почетокот на мечот беше во знак „брејковите“ кога двете тенисерки го одземаа гемот на сервисот на противничката, а во финишот Серена освои три гема во серија и го доби првиот сет. Во вториот сет Серена направи брејк што значеше и освојување на вториот сет.
Ова за неа беше 23.Грен слем титула и со тоа ја мина Штефи Граф по бројот на освоени Грен слем титули. Серена Вилијамс со овој триумф ќе се врати на првата позиција на ВТА листата.
 
Утре во машкото финале ќе играат Рафаел Надал и Рожер Федерер.