-->
-->
AO: Медведев ќе игра во финалето со Надал
-->

Рускиот тенисер Данил Медведев славеше убедливо во полуфиналето со 3-1 против Гркот Стефанос Циципас и во финалето ќе се сретне со Рафаел Надал, кој претходно, исто така, по четири сета беше подобар од Матео Беретини.
Тоа ќе биде четврти меч за Медведев за грен слем титула, а евентуален триумф би му го донел првото место на АТП листата. Во дуелот со Циципас беше посигурен во поголемиот дел од мечот, имаше криза на крајот од вториот и почетокот на третиот сет, но ја надмина, и успеа да стигне до седмата победа во меѓусебните дуели. Двајцата играчи на свој сервис воопшто не му дадоа можност на ривалот да ги загрози. Тие рутински ги решаваа своите сервис гемови, до осмиот гем. Тогаш прв се закани Медведев, имаше дури четири брејк топки, но Циципас се извлече. Инаку, Гркот штотуку стигна до првиот поен во игра во 11. гем на сервис на ривалот. Првиот дел од играта требаше да се реши по тај-брејкот. Циципас поведе со 4:1, но Медведев направи пресврт со серија од 6:1 и по 47 минути игра поведе со 1-0. Вториот сет му припадна на Циципас со 6-4 но во третиот доминација на Медведев и победа од 6-4 за да грчкиот тенисер сосема се предаде во последниот сет кој го загуби со 6-1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски без детали од разговорите за реконструкција на Владата
-

Александар Трајановски ќе биде нов потпретседател на СДСМ, Филипче обвинува и за економски колапс на државата
-

Нема економска оправданост за интервентно зголемување на минималната плата, вели Дурмиши
-

Државата повторно ќе издава граѓански обврзници
-

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето
-

Како ќе ги вратиме младите и успешни кадри?
-

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето
-

СДСМ: Да се прошири истрагата
