Тенис
20. January 2017 - 13:35

АО: Федерер потсети на најдобрите времиња, го „разби“ Бердих

Веќе легендарниот Роже Федерер повторно ги разгали срцата на бројните фанови во игра која потсети на неговите најдобри денови едлиминирајќи го за само 92 минути во три сета Томаж Бердих со 6:2, 6:4, 6:4 и се пласира во осминафиналето на Австралиан опен. 

Швајцарецот освои дури 95 % од поените на првиот сервис, односно 87 % на мрежа додека со своите препознатливи комбинации на форхенд и бекенд освои 40 винера. 

Негов противник во 1/8 финалето е Јапонецот Кеи Нишикори.