Тенис
26. January 2016 - 10:06

АО: Федерер подготвен за Ѓоковиќ

Роџер Федерер го совлада Томаш Бердих во три сета и избори пласман во полуфиналето на Австралија Опен. Швајцарецот се пласираше во своето 39-то Грен слем полуфинале, а на терените на Мелбурн меѓу најдобрите четворица е 12-ти пат во последните 13 години.
 
Федерер за нешто повеќе од два часа го победи Бердих 7:6, 6:2, 6:2 и ја забележа својата рекордна 80-та победа во Мелбурн.
 
Швајцарецот мечот го заврши со 46 директни поени, иако реализираше помалку од 50 отсто од поените на втор сервис. Бердих имаше свои шанси, но не ги искористи, прв стигнуваше до брејк во првиот и третиот сет, но не успеваше да ја искористи таа предност.
 
Федерер, во полуфиналето, ќе игра против победникот од мечот во кој ќе играат Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори.
 
„Мислам дека ќе најдам време за да го гледам овој меч, како навивач мислам дека ќе биде одличен. Како ривал ќе морам да останам смирен, нервите ќе ми бидат потребни за полуфиналето“, рекол Федерер по победата над Бердих.