Тенис
29. January 2017 - 18:25

АО: Федерер го освои Мелбурн

Швајцарецот Рожер Федерер е победник на Австралија Опен откако во финалето во Мелбурн го совлада големиот ривал Рафаел Надал со 3-2 во сетови (6:4; 3:6; 6:1; 3:6 и 6:3 во гемови). Финалниот меч траеше 3 часа и 37 минути.
Федерер водеше двапати во текот на мечот, а Надал успеваше да изедначи. Решавачкиот сет почна со водство на Надал од 3:1 во гемови, Федерер направи серија од пет гема и го доби сетот со 6:3.
Ова за Федерер беше петта титула освоена во Мелбурн или вкупно 18.та Грен слем титула во кариерата. Во меѓусебните мечеви со Надал ова му беше 12.та победа во 35.тиот меч.