Антонов: Посетата на Зеленски на Вашингтон покажува дека ниту САД ниту украинскиот претседател не се подготвени за мир
Вчерашната посета на Володимир Зеленски на Вашингтон покажува дека ниту САД ниту украинскиот претседател „не се подготвени за мир“, изјави утрово рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, откако Зеленски одржа говор во американскиот Конгрес.
„Помирливите изјави од администрацијата на Бајден за немање намера за конфронтација со Русија се само празни зборови“, рече Антонов во изјавата објавена од руската амбасада во САД. Тој ја опиша посетата на Зеленски на САД како „патување во холивудски стил“.
„Она ш то во основа беше најавено и поздравено со аплауз и саркастично намигнување е потребата од продолжување на „прокси војната“ против нашата земја, до целосна победа“, рече Антонов, кој ја коментираше и најавата на Бајден за испраќање на моќниот американски ракетен систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Украина.
„Мислам дека сите совршено разбираат каква судбина го чека персоналот кој ќе управува со тој систем на територијата на Украина“, рече Антонов.
Рускиот амбасадор тврди и дека американското учество во конфликтот во Украина може да доведе до ескалација на конфликтот „Провокативните потези на САД лесно водат кон ескалација, чии последици не можат ниту да се замислат“, вели Антонов.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп