Македонија
20. July 2020 - 21:18

Антонио Милошоски го победи коронавирусот

Aнтонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ го победи коронавирусот, а после 21 ден во болница повторно е дома со најблиските. 

„Негативен по тест, но расположен по дух и опкружен со најблиските, чии прегратки со љубов се задолжителна терапија за закрепнување. Уште едно сериозно животно премрежје е надминато. Срдечно им благодарам на лекарите од Инфективната клиника-Скопје, како и на сите медицински сестри, кои иако се преморени, деноноќно се борат за секој пациент. Чувајте се. Ве поздравувам со желби за добро здравје“, напиша Милошоски.