Македонија
18. January 2023 - 16:54

Антикорупциска побара одговорност од Спасовски за случајот Беса Транс

Антикорупциска бара оставка од министерот Спасовски за пропусти со Беса Транс. Комисијата утврдила дека Спасовски не рагирал навремено за техничкиот преглед на автобусот во кој загинаа 45 граѓани. Наместо веднаш, министерот издал наредба техничката станица „Виа Комерц“ да ги отстрани неправилностите три месеци подоцна, односно три дена по несреќата на автопатот Струма.

Сите наводи ДКСК ќе ги достави до надлежните обвинители, а од Владата побара да утврди одговорност за Спасовски

До кабинетот на вицепремиерката Грковска антикорупционерите ќе ја достават и снимката од локалните избори на која се гледа како министрите Бујар Османи и Насер Нуредини на партиски настан пристигнуваат со државни автомобили.

Дали ќе се бара некаква одговорност и за овие функционери ќе зависи од вицепремиерката.